Стерлинг Бакус и неговиот син отсекогаш сакале да имаат автомобил ламбoргини. Но, тие не сакаат да го купат, туку самите да го создадат. Тие решиле да конструираат свое ламбoргини, дел по дел, а деловите се испринтани со 3Д печатач. Идејата, како што вели таткото, кој е физичар, е да се покаже на младите дека занимавањето со наука е интересно, пренесува „Њујорк пост“.

Бакус и неговиот син употребиле 3Д модел од ламбoргини, кој бил разложен на делови со цел потоа тие да бидат изработени од 3Д-печатачот, но сепак тие додале и свои детали со цел да избегнат проблеми со авторските права. 

Сепак, не е возможно да се создаде автомобил само од испечатените делови, така што некои делови од ламбoргинито сепак се направени од метал. Бакус вели дека досега проектот ги чинел околу 20.000 долари. Тие имаат уште многу работа за автомобилот да биде подготвен за употреба во секојдневниот живот, а кога ќе биде готов, ова ламборгини би било најевтиното на планетата, благодарение на 3Д печатењето.