Времето до крајот на денов на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови. Локално процесите може да бидат и поинтензивни. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Во ноќните часови претежно стабилно.

Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската Котлина со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.