Жичниците работат во едни земји, но не и хотелите. Во други има хотели, но не и жичници. И правилата се менуваат од ден на ден. Скијањето во Европа е можно, но не онаму каде што многумина би сакале, пишува порталот „Тревел адвајср“. Целосен хаос владее низ европските земји. Секој има свои правила и државите се целосно неконзистентни. Некаде работи сѐ, а некаде не работи ништо. Жичниците работат во едни земји, но не и хотелите. Во други има хотели, но не и жичници. Во трети земји работи сѐ, а во некои не работи ништо. Погледнете ја деталната состојба по земји.

Австрија:
– Олеснување на мерките од март
– Кицбил од 15 февруари бара негативен тест за скијање
– Некои скијачки центри се затворени поради мал број посетители, особено во Тирол, или се отворени само за време на викендите
– Хотелите, апартманите и баровите можеби ќе се отворат кон крајот на февруари

Италија:
– Околу 12 часа пред отворањето, Владата одлучи да го одложи отворањето на ски-центрите на 5 март
– Информациите за можноста за скијање за странските туристи сѐ уште се тема за разгледување
– Преминот од портокаловиот кон жолтиот регион е забранет до 25 февруари

Франција:
– Некои одморалишта се отвораат без жичници
– Жичниците и рестораните се затворени цел февруари (не е официјално, но најверојатно до април)

Швајцарија:
– Некои скијачки центри во регионот се затвораат, а други сѐ уште се отворени
– Британските скијачи во ски-центрите мора да одат во карантин

Словенија:
– Повторно отворено од 23 јануари за некои региони (трето отворање)
– Скијачкиот центар „Крвавец“ е казнет со 4.400 евра затоа што сѐ уште беше отворен по затворањето на другите
– Многу Словенци го поддржуваат „Крвавец“ и се жалат на „лошите“ правила на Владата

Германија: Заклучување на 7 март, можеби е можно да се отвори во март

Андора: Отворено на 2 јануари

Полска: Отворено на 12 февруари

Словачка: Отворено на 25 јануари

Отворени се скијачките центри во Шпанија (некои), Скандинавија, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија.