Ријана претстојниот Божиќ ќе го мине на островот Барбадос, каде што е родена.
– Важно е да бидете со семејството и со пријателите. Чувствувам неверојатен мир кога сум дома, на Барбадос. Тоа е најубавото место на светот, со најубави плажи, храна, со прекрасни луѓе – изјави популарната пејачка Ријана во интервјуто за списанието „Кавер“.
Големата музичка ѕвезда и неколкукратна добитничка на наградата „греми“ откри и дека го завршува својот прв готвач, во кој ќе ги објави своите омилени рецепти од кујната на Барбадос. Таа за својата исхрана вели дека е без поголеми ограничувања.
– Се трудам да јадам здраво секој ден, но не се откажувам ниту од калоричната храна. Сакам пити, макарони со сирење, рум-пунч… Јадам со големо задоволство и чизбургер. Вежбам три-четири пати неделно, за да ги согорам калориите – вели Ријана (32) за „Дејли мејл“.
Таа вели дека сите треба да се сакаме себеси пред сѐ и убаво да се чувствуваме во своја кожа.
– Веројатно секој има понекој физички недостиг, но треба да се прифатиме такви какви што сме – смета пејачката.
Кога се работи за љубовта, сопственичката на хитовите „Only Girl (In The World)“ и „Umbrella“ откако на почетокот на годинава раскина со богаташот Хасан Јамел, сега ужива во друштвото на раперот АСАП Роки.