На 26 октомври, внуката на јапонскиот император Нарухито ќе се мажи за нејзиното долгогодишно момче. Нивнaта свршувачка не помина без пречки, предизвикувајќи лавина незадоволство кај јавноста и во медиумите во Јапонија. Свршувачката на принцезата Мако со Кеи Комуро, кој не е член на кралско семејство, беше сè освен непречено пловење. Тие го најавија својот план за венчавка во ноември 2018 година, но тоа беше одложено откако мајката на Комуро, наводно, била вовлечена во финансиски спор поврзан со пари што ги добила од поранешен свршеник. Се мислеше дека овие пари се искористени за финансирање на образованието на нејзиниот син. Сега, по три години, датумот е одреден и јапонската принцеза Мако (29) ќе се омажи за нејзиниот поранешен соученик Кеи (29) овој месец и ќе се откаже од нејзиниот кралски статус. Совршена двојка: млада убава принцеза и нејзиниот свршеник, адвокат приправник (29) – за кого е подготвена да го жртвува својот царски статус. Сега, по финансискиот скандал, медиумите го сменија својот тон и почнаа да ги нарекуваат јапонските Хари и Меган, со оглед на нивните планови да живеат во Америка откако ќе се венчаат. Нејзиниот иден сопруг, најверојатно, ќе работи во адвокатска фирма во Њујорк. Комуро, кој неодамна се врати во Јапонија со диплома по право од универзитетот „Фордхам“ во Њујорк, стана лесен плен за таблоидите.