Ова не е првпат да се преземат мерки против нереалните идеали за убавина. „Гети имиџес“ отстрани ретуширани фотографии од својата база на податоци

Новиот закон од норвешкото министерство за деца и семејство бара од инфлуенсерите и огласувачите да нагласат кои фотографии објавени на социјалните мрежи се ретуширани. Тие се обидуваат да ги потиснат нереалните идеали на убавината.
Законот беше усвоен на почетокот на овој месец. Фотографиите на кои е сменета големината на некои делови од телото или структурата на кожата на моделот, треба да содржат ознака дизајнирана од Министерството за деца и семејство. Тоа значи дека намалувањето на половината, зголемувањето на усните или цртањето се непожелни.
Ова ќе влијае само на фотографиите што се користат за промотивни цели. Меѓутоа, законот вклучува и фотографии што ги споделуваат познатите личности, односно инфлуенсерите на платформите како што се Инстаграм, Тикток, Фејсбук, Снепчет и Твитер. Со други зборови, „погодени“ се оние објави од кои инфлуенсерите заработуваат.
Ова не е првпат да се преземат мерки против нереалните идеали за убавина. „Гети имиџес“ отстрани ретуширани фотографии од својата база на податоци. Во 2017 година, Франција воведе закон со кој се забранува модните списанија да објавуваат таков вид фотографии.
– Овој закон е една од мерките против лажната убавина. Се надеваме дека ќе дадеме значителен придонес во борбата против негативното влијание што го има рекламирањето врз сите луѓе, особено врз децата и младите – наведуваат од норвешкото министерство.