Најскапиот хамбургер во светот чини речиси 6.000 американски долари, а тој се состои, меѓу другото, од јапонски „ваги“ од говедско месо, кавијар-белуга, месо од кралски рак, бел тартуф.
Го измисли холандскиот угостител Роберт ван де Вен, сакајќи да го надмине рекордот во цената на хамбургер што го држеше ресторан во американската држава Орегон.
Тој рекорден хамбургер, направен во 2011 година, тежел повеќе од 350 килограми, со што бил наменет за повеќе лица. А Холанѓанецот решил да го направи најскапиот хамбургер, но тој да биде оброк само за една личност. И целиот приход од него да го донира во добротворни цели.
Најскапиот хамбургер е направен од лепче натопено во шампањ „дом перињон“ и завиткано во златен лист, исто така во неговиот состав има јапонски „ваги“ од говедско месо, кавијар-белуга, чедар-сирење со тартуфи, сос за скара направен од најскапото кафе во светот, мајонез од јајце од патка….
Неговиот творец вели дека овој хамбургер, иако многу скап, треба да се јаде со раце.
Првиот хамбургер со ваков рецепт е продаден на 28 јуни, сепак, оние што планираат да го пробаат ќе мора да го порачаат најмалку две недели однапред и да остават депозит од 750 американски долари.