Според листата на британски „Тајмаут“

Според листата на британското списание за култура „Тајмаут“, галеријата „Уфици“, познатиот музеј од Фиренца, е на врвот на листата на „најдобри музеи во светот“.
– Во „Уфици“ има толку многу одлични класични дела што некои посетители морале да бидат префрлени во болница поради исклучително силните емоции што овие дела ги предизвикале врз нив – се вели во образложението.
Дури и илјада пати да сте го виделе „Раѓањето на Венера“ на Ботичели, ништо нема да биде исто како кога ќе го запознаете ова ремек-дело во живо. Во оваа галерија има и многу други исклучителни слики од барокот и ренесансата, како „Медуза“ на Караваџо или „Џудит го убива Холоферн“ од сликарката Артемисија Џентилески.
На второто место на листата, која вклучува музеи од сите континенти, „Тајмаут“ го стави „Лувр“ од Париз, а „Мома“ од Њујорк го зазеде третото место. На четвртото место е Националниот музеј за модерна и современа уметност од Сеул, додека на петтото место е Националниот музеј на афроамериканската историја и култура од Вашингтон.
Грчкиот музеј „Акрополис“ е на шестото место, кинескиот „Теракота Вориорс“ е на седмото место, а рускиот „Ермитаж“ е на осмото место. Деветтото место на листата на најдобри музеи во светот го зазеде „Ријск мусеум“ од Амстердам, а десеттото место му припадна на „Тејт модерн“ од Лондон.
Списанието „Тајмаут“ е основано во Лондон во 1968 година и низ децениите прерасна во светско списание што се издава низ светот, а има десетици локални изданија.