Во Молдавија се наоѓа најголемата винска визба во светот

Во Молдавија се наоѓа најголемата винска визба во светот, која го носи името „Милести Мичи“. Комплексот е основан во 1969 година, за складирање и чување висококвалитетни вина.
Визбата е организирана како посебен град. Секој агол е „улица“ наречена по сортата што се чува во него, на пример: пино, мерло, каберне совињон… Просторот на кој се протега винарницата е толку голем што можете да се провозите со автомобил или со велосипед.
Винарницата се протега на 200 квадратни километри, од кои 55 се во употреба. Токму затоа „Милести Мичи“ во 2005 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема колекција на вина во светот.
Молдавија ја нарекуваат една од најсиромашните европски држави. Се наоѓа меѓу Романија и Украина, која ѝ го украла појасот до морето широк околу два километри. Сепак, токму „Милести Мичи“ е она со што се гордее ова мала земја.
На влезот ве пречекува чешма за вода во вид на големо буре, а потоа патот ве води под змеја, каде што се чуваат шишињата на најубавото вино, на температура од 12 до 14 степени. Некои од нив тука се со децении, а има податоци дека тука се складирани над два милиони шишиња со вино. Најмногу има црно, 20 проценти е бело и 10 отсто се десертни вина.
Визбата е своевиден музеј. Тука можете да го видите автомобилот што го користат државниците Владимир Путин, Ангела Меркел и Џо Бајден кога ќе одат во посета. Се разбира, тие ги пијат најскапите вина на светот, егзотичните со лековити билки, а тука е и колекцијата на злогласниот нацист Херман Геринг, бидејќи винарницата по германската капитулација ја зазеле Русите.
Во една пригода тука бил и славниот руски космонаут Јуриј Гагарин, кои при посетата на винарницата се загубил. Е, токму овој податок туристичките водичи секогаш го кажуваат, шегувајќи се дека очигледно му било полесно да се снајде во вселената отколку во „Милести Мичи“.
Влезот со дегустација на вино чини 60 долари, а ако сакате подолга обиколка со водич, која вклучува и раскошна вечера и дегустација, ќе потрошите речиси 200 долари. А ако посакате да пробате од најскапото вино, тоа ќе ве чини 500 долари.