Женевие Пуринтон и нејзината ќерка Кони Моултроп за првпат се сретнале по 70 години откако Кони направила ДНК тест. На Женевие и било кажано дека нејзината ќерка починала набрзо по раѓањето во 1949 во Индијана. Тие се запознале во дом за стари лица во Тампа, Флорида – пренесува „Ен-би-си Њуз“

– Побарав да го видам моето дете и докторите ми рекоа дека тоа е починато. Тоа е сè што на што се сеќавам – вели Пуритон.

Но, нејзината ќерка, Кони Моултроп, која има 69 години, била посвоена и живеела без да знае за својата биолошка мајка.

На 3-ти декември, долго разделените мајка и ќерка се сретнале првпат откако Моултроп го направила ДНК тестот, кој го добила како божиќен подарок од својата ќерка Бони Чејс минатата година.

Жената која ја посвоила Кони починала кога таа имала само пет години, а нејзината нова маќеа била злобна и ја малтретирала. Таа од мала копнеела да има добра, вистинска мајка. Нејзината желба конечно станала реалност.

– Пакетот за тестирање ДНК ми изгледаше како штосен божиќен подарок кој комплетно го промени животот на сите нас – вели внуката на Женевие.