Научниците сметаат дека лето што ќе трае половина година на северната хемисфера би можело да стане честа појава до 2100 година.
Тоа се должи на големото влијание на климатските промени, а летото веќе трае 17 дена подолго отколку во 1952 година, додека зимата е пократка за три дена. Ако глобалното затоплување продолжи со сегашниот интензитет, тогаш е многу веројатно дека зимата ќе трае само два месеца.
Ова ќе има далекосежни последици по целата планета Земја. Земјоделството ќе биде загрозено, а однесувањето на животните ќе се промени. Веќе сме сведоци на топлотни бранови, големи пожари и бури. На северната хемисфера би можеле да се појават комарци, кои со себе може да донесат многу тропски инфекции.
Меѓутоа, тоа може да се спречи ако се намали емисијата на штетни гасови. Неопходно е до 2030 година да се намалат емисиите на јаглерод диоксид произведени од човекот за 45 проценти. А до 2050 година е потребно целосно да не постојат емисиите на јаглерод диоксид.
Според Светскиот економски форум, на таа цел се посветиле 120 земји во светот и повеќе од илјада компании, вклучувајќи ги „Икеа“, „Епл“ и „Нестле“.