„Ориџн спејс“ во ноември ќе лансира ракета „Лонг марч“, со која ќе управува Кинеската национална вселенска станица. Во ракетата ќе се наоѓа првиот робот за рударство. Целта на мисијата е приватните компании да почнат да ги експлоатираат вселенските ресурси.

Фирмата со седиште во Пекинг го нарече своето летало Вселенски рударски робот. Ќе се користи за тестирање на технологија неопходна за слетување и минирање астероиди, со цел да се пронајдат скапоцени минерали и елементи како што се злато, сребро и кобалт.

Ископувањето на вселенските ресурси е популарна последниве години, па затоа имаше низа потфати чија цел е да се профитира во оваа индустрија.

Ова кај некои научници предизвика отпор затоа што се плашат дека другите планети и вселенски тела ќе бидат експлоатирани на ист начин како и Земјата што е експлоатирана последниве неколку века, па предложиле 85 отсто од Сончевиот Систем да се заштити од индустриски активности и да се „третира како дивина“.