Членовите на студијата „Брејк а лег“ и „Аква денс клуб“ ќе си ги одмерат силите во танцување во ритам, што ќе можат да го проследат посетителите на „Капитол мол“ на 6 и 7 октомври. Исто така секој што ќе дојде ќе може да се запознае и со активностите на балетските студија „Сонце“ и „Диадема“. Во текот на овие два дена тие ќе им ги претстават своите програми и можности на заинтересираните, за тие да се впуштат во откривање нов начин на разговор, преку движења и музика.

За тоа како ќе ги почувствуваат оваа музика и танц, поетите и авторите Ксенија Николова, Наим Иљази, Јован Илиески и Вера Калин ќе ја преточат таа инспирација во зборови и стихови и ќе им ја доделуваат на посетителите. Наедно, тие ќе ги потпишуваат и своите книги и поеми.