Италијанските научници развиваат хуманоиден робот што еден ден би можел да лета. Роботите полека ги прошируваат своите операции надвор од контролираните лабораториски средини во хаосот на светската архитектонска инфраструктура во реалниот свет, а доаѓањето од точка А до точка Б стана предизвик. Научниците развија голем број решенија, од инсталирање на роторот така што роботот може да премине преку пречки како хеликоптери, па до примерот на „Бостон дајнамикс“, чиј робот може да се преврти нанапред.
Меѓутоа, сега е тука и Даниеле Пучи, шеф на лабораторијата на Италијанскиот институт за технологија, кој инсталира целосно функционален џет-пак на хуманоидниот синтетички робот Ај-Рон Каб со надеж дека еден ден ќе полета како Ајронмен. Тимот на Пучи верува дека таквите системи еден ден би можеле да дејствуваат како спасувачи во различни природни катастрофи во кои годишно умираат околу 90.000 луѓе.
Хуманоидните роботи имаат предност во однос на езотеричните конструкции и беспилотните летала кога станува збор за одговор на катастрофи, бидејќи тие можат полесно да манипулираат со свет што веќе е дизајниран за човечка употреба. Меѓутоа, во случај на природна катастрофа, тој свет, односно инфраструктурата наменета за човечка употреба, би можела да биде оштетена и непроодна, со што ќе се поништат придобивките од хуманоидниот робот. Но со комбинирање на хуманоидниот дизајн со можноста за летање, тимот на Пучи сака да ги искористи најдобрите аспекти на двете технологии.
– Ваквите роботи комбинираат манипулација со воздух и хуманоидна роботика и на тој начин летачките роботи би можеле да ги надминат пречките и да ги прошират своите можности, односно да можат да одат, да летаат, да манипулираат и да транспортираат предмети, притоа нудејќи енергетски ефикасни решенија – велат научниците.