Во израелското летувалиште Еилат, на 70-от светски избор за најубава жена на планетата, победи 21-годишната Харназ Саду од Индија, јавија агенциите.
Последната мис на светот зад себе остави 79 натпреварувачки.
Титулата прва придружничка ја освои мис на Парагвај, Наѓа Фереира, додека за втора придружничка е избрана мис на Јужна Африка, Лалеј Мсвана.
Круната на најубавата жена на светот, традиционално, ѝ ја предаде минатогодишната победничка, Мексиканката Андреа Меса, која ја носеше само седум месеци, бидејќи изборот беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.
На натпреварот, Харназ Саду се претстави како заговорничка на јакнењето на положбата на жените во светот. Инаку, таа работи како глумица во својата земја. Саду беше главна фаворитка и во обложувачниците, бидејќи е добро позната и во светот на модата. Индија последен пат на изборот за мис на светот победи во 2000 година, кога лентата ја освои глумицата Лара Дути. Меѓу 16-те финалистки на годинашниот избор влегоа претставничките на: САД, Венецуела, Филипини, Аруба, В. Британија, Јапонија, Бахами, Порторико, Сингапур, Колумбија, Панама, Франција и Венецуела. Првпат годинава имаше учесничка од Обединетите Арапски Емирати, а по повеќе од четири децении се појави и претставничка на Мароко.