Здравите луѓе појадуваат овошје, житарки и млечни производи

Лицата што се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина јадат оброци со ограничено количество намирници. Овој вид на исхрана е тешко да се одржи на долг рок и затоа тие со текот на времето повторно ја враќаат првобитната тежина. Од друга страна, луѓето што одржуваат здрава тежина без ограничувања се неисцрпен извор на информации за професионалците.
„Техникал рисрч центар“ од Финска ги проучувал навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина за четири месеци. Истражувачите, предводени од доктор Ана-Лена Вуоринен, откриле дека здравите луѓе обично јадат три вида храна за појадок. Овошјето било најпопуларен избор, дури за 51 процент од испитаниците, млечните производи биде дел од појадокот на 41 процент, додека консумацијата на житни оброци им била избор на 33 проценти од луѓето.
Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 проценти од испитаниците денот го започнуваат со овој вид храна. Најинтересно од сѐ е што само 26 проценти од испитаниците признале дека пијат кафе со појадокот, додека преостанатите (74 проценти) одат на работа и ги извршуваат своите должности без помош на кофеин.