Оскаровецот Дензел Вашингтон, кој ја доби највисоката филмска награда за својата улога во акцискиот трилер „Ден за обука“ (2001 година), е на врвот на престижното одбројување на „Њујорк тајмс“.
Манола Дарџис и А.О. Скот, критичарите што ја составија листата на најдобри актери/актерки на столетието, открија дека Дензел го зазел местото број еден без дискусии.
– Се расправавме и се расправавме за секое друго внесување на листата, но за него немаше никакво двоумење или дебата. Дензел Вашингтон е многу повеќе од категорија – титан на екранот, тој е суптилен и чувствителен мајстор, со сериозна обука од старата школа и блескаво присуство на филмска sвезда. Може да направи од Шекспир и Август Вилсон злодело или акциско херојство. Тој е еден од врвните актерски момци – вели Скот.
Дарџис додаде дека „Дензел прави глумата да изгледа како дишење“.
Втора на листата е актерката Изабел Ипер, за нејзините „бестрашни и зачудувачки“ настапи, додека третото место му припадна на Даниел Деј Луис.
Кијану Ривс се пласира на четвртото место, едно место пред Никол Кидман.