По повеќемесечно чекање, еден од најголемите блокбастери на сите времиња пристигнува во кината. Фантастичната Гал Гадот се враќа во улогата на храбрата Амазонка, во продолжението на големиот хит од 2017-та, кој стана акциски филм со најголема заработка режиран од жена. И ова продолжение го режира Пати Џенкинс. За разлика од првиот филм, чие дејство се одвиваше за време на Првата светска војна, продолжението на приказната за принцезата Дијана е сместено, како што кажува и самиот наслов, во осумдесеттите години од минатиот век.
Се работи на комплетно нова Вондер Вомен. Интересно е што во текот на снимањето жените морале да го совладаат полигонот со пречки, покажувајќи гимнастичарски вештини, и да го поминат пливачкиот испит за да можат да ги глумат Амазонките во Вондер Вомен од 1984-та.
Помеѓу натпреварувачките во триатлонот за време на Амазонските игри можеме да ги видиме Доутзен Крос, Бронте Лавињ, Дајна Грант, Џеси Граф, Миранда Чамберс, Џејд Џонсом, Мо Сасегбон, Бриони Скарлет и Гвендолин Осборн. На амазонскиот стадион се појавуваат и Христиан Шодел – акробации во воздух, Скарлет – пливање, Јени Пејси – пливање, Саскиа Невил – трчање по ѕид и салто наназад, Дона Форбс – паркур, Кејти Мекдонел – паркур и Хеили Варнес – јавачка.
„Вондер вомен“ не е само уште еден филм за жена суперхерој туку е филм што прикажува како оваа суперхероина е тренирана со достоинство, почит и начин на кој заслужува.