Културната манифестација „Бела ноќ“ќе се одржи по 16-ти пат, вечерва, во Скопје. Една недела порано од вообичаеното, на десет локации (паркингот пред СРЦ „Борис Трајковски“, МКЦ, зеленото пазарче, плоштадот „Ибни Пајко“, Музејот на современата уметност, домот на културата „Кочо Рацин“, Архитектонскиот факултет, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Даутпашиниот амам), посетителите ќе можат да ги погледнат перформансите, концертите, изложбите и другите културно-уметнички активности, информираат од Град Скопје.
Годинава централниот настан „Скопските евергрини“ ќе се одржи на паркингот пред СРЦ „Борис Трајковски“, каде што познатите скопски хитови ќе бидат изведени од најголемите македонски музички ѕвезди: Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на „Баги биг-бендот“, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.
Влезниците за „Скопските евергрини“ пред СРЦ „Борис Трајковски“ и концертот на платото пред МКЦ се бесплатни и може да се подигнат на билетарниците на МКЦ и на Универзалната сала.