Астрономите веќе некое време се збунети од исчезнувањето на џиновската ѕвезда што ја набљудуваа, па се прашуваат дали е можно таа да се претворила во црна дупка без претходно да експлодира во супернова, што, според досегашните научни сознанија, не се случило.
Претворањето на ѕвезда во супернова би било вообичаен крај на животниот век на една ѕвезда, а доколку претпоставката се покаже како точна, тоа ќе биде првиот пример на џиновска ѕвезда што престанала да постои на овој начин, пишува „Би-би-си“.
Резултатите од неодамнешната научна студија објавена во стручното списание „Месечни известувања на кралското астрономско друштво“ укажуваат и на друга можност, а тоа е дека ѕвездата едноставно потонала, односно потонала затоа што делумно била покриена со прашина.

Проучуваната ѕвезда се наоѓа во далечната галаксија Кинман Дворф, во соѕвездието на Водолија, а е оддалечена од Земјата околу 75 милиони светлосни години. Оваа гигантска ѕвезда им припаѓа или припаѓала на таканаречените „сино-бели ѕвезди што се менуваат“.
Таа е околу два и пол милиони пати поголема од Сонцето. Таквите sвезди се нестабилни и повремено покажуваат драматични промени кога станува збор за количеството светлина што ја емитуваат во различни бранови должини на нивниот спектар.
Од 2001 до 2011 година, џиновската ѕвезда ја проучувале голем број астрономи, кои заклучиле дека таа е во напредна фаза на развој. Меѓутоа, галаксијата во која се наоѓа е премногу далеку за астрономите да можат да ја проучуваат секоја од нејзините ѕвезди одделно, но тие можат да откријат знаци за нивно постоење.
Група астрономи од колеџот „Тринити“ во Даблин, предводени од докторандот Ендру Алан, започнале да ја следат далечната галаксија, за да дознаат повеќе за тоа како џиновските sвезди ги завршуваат своите животи.

Но во еден момент тие веќе не биле во можност со телескоп да најдат знаци за нејзиното постоење.
– Бевме изненадени кога забележавме дека ѕвездата исчезнала. Многу е необично таква ѕвезда да исчезне без да експлодира во супернова – вели Алан.
Претходните испитувања укажуваат дека на нејзината површина се случиле големи ерупции, за време на кои некои делови од ѕвездата исчезнале. Експертите веруваат дека ерупциите запреле по 2011 година. Сино-бела променлива ѕвезда како оваа е подложна на експлозии во текот на животот. Во тој случај, тие губат маса, а интензитетот на светлината што ја емитуваат достигнува максимум.
Врз основа на досега забележаните сценарија за исчезнување на ѕвездите, астрономите имаат две потенцијални објаснувања за отсуството на суперновата.
Можно е ѕвездата да не исчезнала, но поради експлозиите, интензитетот на нејзината светлина да се намалил, а ѕвездата делумно да била покриена со прашина.

Според друго објаснување, ѕвездата можела да се претвори во црна дупка без да експлодира во супернова. Ако оваа претпоставка се покаже како точна, астрономите велат дека тоа би било многу редок феномен, што би значело новина во научното сфаќање за начинот на кој џиновските ѕвезди го завршуваат својот животен век.
Научниците сега имаат задача да најдат доволен број докази за да ги поддржат нивните претпоставки.
Европската јужна опсерваторија (ЕСО) треба да лансира голем телескоп (ЕЛТ) до 2025 година, што веројатно ќе обезбеди подетален увид во ѕвездите на галаксијата Кинман Дворф и ќе придонесе за решавање на вселенските мистерии како оваа.