На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок), со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот оперски гала- концерт по повод празникот Василица. Традицијата утврдена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, Де Либ, Штраус Помладиот, најави организаторот.
Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер Дејан Прошев, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.
На концертот ќе настапат нашите оперски уметници: Славица Петровска-Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети-Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас). Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.