Во рамките на “Месец на театарот“ вечерва во Кавадарци гостува театар Куманово со претставата „Секс и лаги“ работена според текст на Марк Камолети, а во режија на Драгана Таневска.

Претставата „Секс и лаги“ е добитник на наградата за најдобра претстава на фестивалот „Денови на комедијата“.

Претставата е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и претставува спој помеѓу интригата, љубовта, страста и моралот, вистината и лагата, сведоштво за начинот на кој се третирани љубовните и семејните релации помеѓу еден маж и една жена.

Во претставата играат Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Анастасија Величковиќ како гостин, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска и Никица Јанковски како гостин.

Драматург е Симона Тоскиќ, сценографијата на Крсто Богојевски, а костимите се на Драгана Таневска.

За музиката во претставата се потпишуваат Бојан Поповски и Огнен Давитковски. Терминот како и за сите други претстави е 19.30 часот во домот на културата „Иван Мазов Климе“.