Од Сараево за „Нова Македонија“,
Екатерина Лазаревска и Александра Лашкова
За нешто повеќе од половина час, пред Народниот театар во Сараево, на црвениот тепих на 28-от Сараевски филмски фестивал, ќе зачекори и славниот дански актер Мадс Микелсен.
Нешто подоцна, во 20.30 часот во летното кино, ќе биде прикажан филмот „Лов“ на Томас Винтенберг, во кој токму Микелсен ја толкува главната улога. Непосредно пред проекцијата на филмот, планирано е на Микелсен да му биде врачена наградата „Почесно срце на Сараево”.
Микелсен е добитник и на „Почесното срце на Сараево” на 26. Сараевски филмски фестивал (во 2020 година). Меѓутоа, наградата тогаш не можеше да му биде лично врачена, поради околностите предизвикани од пандемијата на коронавирусот.
Признанието на данскиот актер ќе му биде доделено за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност.