Фото: принтскрин

Македонската машката кадетска репрезентација го освои ЕХФ шампионатот во  Летонија, откако триумфираше во финалето против селекцијата на Швајцарија, со 24-22.

Место во олстар тимот на шампионатот доби голманот Давид Брестовац, кој претходно во наврати беше прогласуван за играч на натпревар. Признанието најдобро лево крило го доби Михаил Тотиќ, додека пак најдобриот стрелец во македонскиот состав Александар Петковски беше прогласен за најдобро десно крило.

Левиот бек Томислав Димковски го понесе признанието за најкорисен играч – МВП на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Сите четворица репрезентативци потекнуваат од ракометната академија на Металург.

Освоеното прво место на Македонија на ЕХФ шампионатот и донесе пласман на младинското ЕП 2024 година и пласман на кадетското СП 2023 година.

ОЛСТАР ТИМ

Голман: Давид Брестовац (Македонија)
Лево крило: еМихаел Тотиќ (Македонија)
Лев бек: Валентин Волфисберг (Швајцарија)
Централен бек: Винсент Крајзелмаер (Луксембург)
Десен бек: Ејуп Арда Јилдиз (Турција)
Десно крило: Александар Петковски (Македонија)
Пикер: Јевгенијс Рогоновс (Латвија)

Најдобар дефанзивец: Миша Ромер (Швајцарија)
МВП: Томислав Димковски (Македонија)
Најдобар стрелец: Лук Кајсен (44 гола, Луксембург)