Во петок, со почеток во 19 часот, во Меморијалниот центар на холокаутот во Скопје ќе се одржи изложба под налов „Мазал Тов“ на која ќе бидат претставени еврејските свадби во Македонија меѓу двете Светски војни.
На изложбата, покрај фотографии ќе бидат изложени и документи и предмети кои биле дел од обичаите на еврејските свадби во Македонија.