Марија Велинова/Фото: Фејсбук

Марија Велинова е победничка на настанот „Отскочна даска“ на кој во кафе-книжарница „Буква“ вечерва земаа учество тринаесет млади поети од 16 до 25-годишна возраст. Велинова ќе добие можност да чита во главната програма од второто издание на Скопскиот поетски фестивал кој започнува утре.

– Бидејќи јас сега почнувам на некој начин да влегувам на тие настани, претставува дека сум добредојдена и дека ќе можам да запознам повеќе луѓе и да го живеам тоа што го сакам – вели Велинова, која пишува поезија уште од 2018 година.

Во исто време во „Буква“ беше отворена и ликовната изложба на колажи за Скопје од Валентина Бакти (Србија) ‒ „Сум страдал, ама убаво ми било“, што посетителите ќе можат да ја видат за времетраењето на фестивалот, односно, до 1 септември.