Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе биде отворена изложбата на фотографии „ ЗА ПРВ ПАТ (LA PRIMA VOLTA)“ од италијанскиот фотограф Матео Де Мајда. Изложбата ја организираат амбасадата на Италија во земјава и Општина Прилеп, а ќе ја отворат италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и градоначалникот Борче Јовчески.

На увид пред прилепчани се 15 -тина фотографии кои фотографот Мајда ги изработил со цел да се прикаже спортот и идентитетот во нашата земја, пред учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

Изложбата е дел од долгорочен проект за претставување на фудбалската култура во различни земји од светот. Реализирана е со поддршка на Музејот на современа фотографија во Милано и магазинот „Ундичи“. Ка.М.