Фестивалот Зрно и оваа година ја продолжува својата мисија да создава простор за
современа авторска фотографија, експериментални визуелни практики и
меѓународна културна размена во Македонија.
Во контекст на локална сцена каде ваквите платформи на кое и да е поле се ретки,
фестивалот претставува важна точка за поврзување на домашни и странски автори,
публика и независни културни иницијативи.
Изложбата на селектираните дваесет автори од Отворениот повик ги обединува
различните современи пристапи кон фотографијата — од документарни и интимни
серии, до експериментални, концептуални и хибридни визуелни форми.
Селекцијата на дела е направена од осумчлено меѓународно жири:
· ЕВА ШЛЕГЛ (EVA SCHLÖGL) – Виена
· ДРАГО ВЕЈНОВИЌ (DRAGO VEJNOVIĆ) – Бања Лука
· АНЕ-МЕТЕ С. СОМЕР-КЕЛТЕР (ANNE-METTE S. SOMMER -KELTER) –
Копенхаген
· ЖОЗЕП ДОМИНГЕЗ КАСТЕЛС (ПЕП МИНГЕЗ) – Барселона
· ИВАНА БРЕЗОВАЦ (IVANA BREZOVAC) – Белград
· ФЛОРИЈАН КОПР (FLORIAN KOPR) – Виена
· НАТАША ТАКАЧ (NATAŠA TAKAČ) – Осијек
· САШО АЛУШЕВСКИ – Скопје
Преку внимателно одбраните дела, изложбата отвора прашања за меморијата,
пејзажот, телото, заедницата, екологијата и секојдневниот живот.
Селекцијата вклучува автори петнаесетина земји, создавајќи простор за дијалог
помеѓу различни визуелни јазици и културни искуства.
Особено значајно е што дел од претставените проекти се занимаваат со маргинални
простори, локални приказни и теми кои ретко добиваат видливост во
институционалниот културен контекст.
Изложбата ја нагласува фотографијата не само како документ, туку и како средство
за истражување, лична архива и критичко размислување за современото општество.
Покрај изложбената програма, фестивалот продолжува да поттикнува едукација,
соработка и активно учество на млади автори и локални заедници.
Настанот претставува можност публиката да се сретне со актуелни меѓународни
фотографски практики во директен и достапен формат.
Изложбата на Отворениот повик е дел од програмата на Зрно 2026 и ќе биде
отворена за посетители во рамки на фестивалот Скопско лето.
Програмата на Зрно е делумно поддржана од Министерството за култура и туризам.








































