ФОТО: Зоран Антоски

Деновиве излезе од печат третата книга на Мира Илијоска со работен наслов  „Жуборливи поточиња“.

Се работи за збирка поезија наменета за учениците од основните учулишта. Оваа книга содржи 91 песна , а учениците од кичевските основни училишта ќе имаат можност да се запознаат со овој книжевен труд  во текот на второто полугодие, кога авторката најави дека ќе ги посети овие училишта.

-Жуборливи поточиња е мојата трета книга откако претходно во 1999 година ја издадаов првата прозна книга со наслов„ Патување низ спомените“ во која доминантно беа застапени патеписни репортажи и мои лични импресии од овие патувања. Втората книга ја издадов во 2018 година со наслов„ Мојот чекор“, стихозбирка во која се застапени родољубиви песни, песни за семеството , за моите деца и за моето чекорење низ времето-истакна авторката Илијоска и потсети што е инспирирало  да го напише  најновиот поетски труд.

-За мојата трета книга инспирација ми беа децата кои се наша најголема радост и смислата на нашето постоење. Тие се како жуборливи поточиња, играат, пеат и се смеат. За да ја доближам оваа книга до учениците од локалните училишта, ќе ги посетам во второ полугодие, каде во детали ќе ги запознаам со песничките од мојот најнов труд-додаде авторката.

И како што сама посочи, посетата на училиштата ќе биде воедно и најдобра промоција на овој книжевен труд.