Промоцијата на романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од познатиот шпански писател Антонио Г. Итурбе се одржа во ЕУ-информативниот центар „Јуроп хаус“ во Скопје. Книгата на македонски ја објави „Бата прес“, а на промоцијата гостуваше и авторот Итурбе. Романот досега е преведен на повеќе од 30 јазици.
Делото се темели на вистинити настани во логорот на смртта Аушвиц и искажувањата на преживеаната Еврејка Дита Краус. Ова е неверојатна приказна за девојчето што го ризикувало својот живот за да ја зачува магијата на книгите за време на злосторството и која очи во очи се сретнала со ангелот на смртта Јозеф Менгеле, со германските воени злосторници Адолф Ајхман и Рудолф Хес, кој бил командант на логорот, во кој, според официјалните бројки, биле погубени и во најголем број изгорени над милион и сто илјади луѓе.
Книгата е дел од проектот на издавачот „Отворени книги, отворени граници“ и е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и од Секторот за европски интеграции во Министерството за култура.
Антонио Итурбе е писател, новинар и универзитетски професор. Роден е во 1967 година, а уште од рана возраст живеел во Барселона. Со романот „Библиотекарката од Аушвиц“ стекна светска слава, кој беше и најпродаван роман според „Сандеј тајмс“.