Изложбата „Пејзажи“ од Дејан Иванов Маргуш е отворена во ликовната галерија на центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.
На изложбата се претставени 20 слики работени годинава. Инспирација на уметникот му е нашето македонско поднебје, односно македонските предели.
Дејан Иванов Маргуш дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2005 година во класата на Јован Шумковски и Рубенс Корубин. Работи и витражи и мозаици. Член е на ДЛУМ од 2005 година. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби и има учествувано во неколку групни претставувања.