Ѕвездата на социјалните мрежи и фризерка откри многу добра причина зошто мократа коса треба да биде пуштена и да не се врзува во опавче или во пунџа.

Косата е навистина една од најзабележливите украси и физички карактеристики на една личност, но главно е доста напорна за одржување. На интернет можете да најдете голем број совети за одржување на здравјето на косата, но кој од нив е навистина ефикасен?

Фризерката Рејчел Валентин го сподели своето искуство на Тикток, што на почетокот ги изненади корисниците. Имено, таа предупредува дека мократа коса никогаш не треба да се врзува, на пример во опавче. Причината лежи во тоа што влажната коса „се растегнува и се враќа“ што може да доведе до пукање. Таа пред камерите покажа колку всушност е кревка косата.
– Ја намокрив косата само за да ви покажам дека мократа коса е како ластик. Но понекогаш може и да се скине. Кога е сува, не се случува тоа. Затоа е подобро да не ризикувате и да ја врзувате влажната коса бидејќи на тој начин влакната можат да се искинат – објасни таа.

Во одговорите во коментарите, Валентин објасни дека влажната коса може лесно да се врзе, на пример во плетенки, ако сакаме малку брановидна коса следниот ден.