Децении наназад 28 декември е најчестиот одбран датум за одржување на традиционалната годишна изложба на уметниците членови на Друштвото на ликовните
уметници на Кавадарци (ДЛУК). Традицијата која ја негува најстарото друштво на ликовни уметници веќе четврта деценија продолжува. Вечерва во 19 часот во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ ќе биде отворена годишната изложба на друштвото на која ќе бида изложени дела на дванаесет кавадаречки уметници.

Љубителите на ликовната уметност ќе има можност да ги види најновите ликовни остварувања на уметниците : Ќиро Јосифов, Владимир Темков, Горан Боев, Диме Самарџиев, Лазар Дојчинов, Соња Самарџиева, Иван Кавацалиев, Томе Филев , Мирјана Филева ,Симона Манчева и Трајче Јованов. Во годините наназад годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Кавадарци знае да биде најзначајните културен настан од областа на ликовната уметност во годината и можност на едно место да се видат делата на уметници од повеќе генерации.

Годишната изложба воедно е и можност за промоција на младите ликовни уметници од градот кои стануваат дел од богатото културното милје на уметници од Тиквешијата и можност да се презентираат најновите дела од тековната година. Ми.М.