фото: Зоран Антоски

Попладнево во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево, со своја самостојна изложба со работен наслов „Старите градби во Кичево“ се претстави Енвер Селими, ликовен уметник од овој град, кој за својот личен придонес во областа на ликовната уметност е прогласен за „Личност на годината“ за 2019 година.

На изложбата се поместени 15 уметнички творби инспирирани од старите градби во Кичево, кои за жал се помалку ги има во градот, ни призна и самиот автор на изложбата, инаку член за здружението на ликовни уметници „Артивизион“ од Скопје.

– Овие слики ги изработив во оваа календарска година, но идејата за нивно создавање ја акумулирав полни две децении. Јас најпрво собирав фотографии со стари градби, бидејќи дел од овие градби денес повеќе не постојат. Сите слики се изработени во техника масло на платно и сите се во една димензија 60-40. Планирам и во иднина да собирам фотографии на стари градби од Кичево, од кои би сакал да организирам уште една изложба од сличен вид. Моето истражување е континуирано и затоа сум оптимист дека она што го планирам во блиска иднина и ќе го реализирам – рече Енвер Селими, вратотен во образование во ОУ „Санде Штерјоски“, учесник на повеќе самостојни изложби во земјава и странство.
З.А.