Руско-израелскиот сликар Леонид Афремов создаде шарен свет што експлодира со емоции, љубов, бои, мелодии, движења и изрази. Тој почина во 2019 година, оставајќи ја зад себе школата за сликање во која се развиваше техниката на сликање со нож. Критиката вели дека никогаш не ја користел политиката како контекст ниту, пак, испраќал скриени пораки, она што се чувствуваа кога се гледаат неговите платна е токму она што тој сакал да го почувствувате.
Во 2005 година првпат го посетува Мексико, а тоа е доволно за целосно да се вљуби во дивиот дух на прекрасното тло на Маите. Оние што сѐ уште немале можност да ја посетат оваа земја, најдобро може да ја доживеат токму преку сликите на Леонид. Низ делата провејува крвта што врие во заводливиот ритам на румбата и салсата, меките мелодии на шпанскиот јазик и меланхолија.
Неговата техника на сликање со нож му донесе светска слава, која тој ја искористи за да ја отвори својата сликарска школа. Користејќи ја оваа техника и комбинирајќи ја со неговиот стил со користење точки, тој успеа да создаде дела што експлодираат во милион светли бои, без да изгубат на значење и острина. Неговите оригинални слики се продаваат за илјадници долари, додека репликите на тие слики, насликани од неговите ученици со истата техника, се продаваат за неколку стотици долари.