Расказот „Гладоморје“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за годинава, што Општина Охрид ја доделува по повод одбележувањето на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Жири-комисијата во состав проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Григор Стојкоски – член, избра десет раскази во поширок и четири во потесен избор, од пристигнатите 78 раскази по распишаниот конкурс на општина Охрид. Седум раскази, пак, не ја исполнуваа анонимноста на конкурсот.

Едногласно беше одлучено наградата „Живко Чинго“ за годинава да му припадне на расказот „Гладоморје“ под шифра Квечеруваме. „Гладоморје“, претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење, во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.