Документарниот филм „Македонскиот Дон Кихот“ посветен на сликарот Владимир Георгиевски (1942-2017) во режија на Константин Плевнеш, а во продукција на ЕФА, поддржан од Агенцијата за филм, деновиве е во официјалната програма на фестивалот „Балкан трафик“ во Брисел. Годинашното издание на фестивалот се одржува од 21 до 24 април, а на програмата се наоѓаат и значајни имиња од балканскиот културен простор, како: Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов и др. Посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како град на културата на Европа за 2021 година.