Во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, денеска во 13
часот ќе биде отворена изложба на фотографии посветени на Тоше Проески. На огромно задоволство на бројните фанови на Проески изложбата дава можност да се видат професионални фотографии со големиот македонски музичар, од млад надежен талент до најсјајна музичка ѕвезда.

Домот на културата во Кавадарци ја организира изложбата во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2021“ а во соработка со Спомен куќа „Тодор Проески“ од Крушево. Ми.М.