Се проценува дека околу шест милиони луѓе лично ја виделе завитканата Триумфална порта на познатиот уметник со потекло од Бугарија, Кристо, и неговата сопруга Жан-Клод, во текот на нејзиното 16-дневно траење, според Бирото за конвенции и посетители на Париз.
Вкупно 685 милиони луѓе го откриле проектот преку сите видови медиуми. Деинсталирањето на привременото уметничко дело ќе биде завршено оваа недела, а планирано е сите материјали да се реупотребат, надградат и рециклираат.
Веќе неколку децении, славната брачна двојка, легендарните мајстори на современата уметност Кристо (1935 – 2020) и Жан-Клод (1935 – 2009), планирала да ја завитка Триумфалната порта на плоштадот „Шарл де Гол“ во Париз. И сега проектот на уметниците конечно беше имплементиран, но постхумно.