По учеството на Фестивалот за акварел во Урбино, Италија, кој се одржа од 29 април до 2 мај, познатата македонска уметница Марија Светиева вчера ја отвори својата 46-та самостојна изложба во Рим.
Нејзините дела се поставени во просториите на Друштвото на интернационални графичари. Светиева се претставува во италијанската престолнина со графики од мал формат, изработени лани и годинава.
Досега Марија самостојно изложувала во Скопје, Охрид, Гевгелија, Пеќ, Приштина, Врање, Белград, Прага, Берлин, Лугано и други градови.
Во Рим ова ќе биде нејзина трета самостојна изложба. Првпат со свои дела се претставила во 1992 г., по што следувала и изложба во 2001 година.
Од 1986 до 2017 година, Марија Светиева учествувала и на 268 групни изложби во земјата и во странство, а добитничка е и на десетина награди за своите графики и слики.