На 24 ноември, сабота во Македонската Филхармонија со почеток во 20 часот ќе се одржи хуманитерен концерт „Sax Clar Fantasy“ за Славица Тодоровска- Цаци која треба да замине на лекување во САД.

Цаци се бори со малиген тумур на левата страна на мозокот. Станува збор за една од најагресивните форми на рак за што е потребно лекување и третман во специјална болница во Тексас. Според проценките за Цаци да замине на лекување ќе бидат потребни 200.000 долари.

На концертот во Македоснката Филхармонија ќе настапат Жан -Мишел Бертеји, Нинослав Димов, Драган Сремец, Стојан Димов, Јоргос Лигеридис, Вељјо Кленковски, Дино Имери, Ефтихиа Вениота. Станува збор за втор меѓународен фестивал по кларинет и саксофон, „Sax Clar Fantasy“.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на Македонска Филхармонија.