Осум аргентински полцијаци добиле отказ од работа, бидејќи за исчезната дрога обвиниле глувци, пренесува Би-би-си.

Инспекторите откриле дека 540 килограми марихуана недостасува од полициското складиште во Пилар, северозападно предградие на Буенос Аирес.

Поранешниот командант на градската полиција, Хавиер Спесија и неговите колеги полицајци на судот рекле дека дрогата била изедена од глувци.
Сепак, вештаците се сомневаат во оваа приказна, бидејќи глувците сигурно ќе исчезнеле доколку изеле толкаво количество на марихуана.

Портпаролот на судијата, Адријан Гонзалес Чарваја, рекол дека според експертите од Универзитетот во Буенос Аирес, глувците не би ја замениле храната со марихуана, а дури и да го направеле тоа ќе биле пронајдени многу мртви глодари во складот.
Полицајците своите искази пред судот треба да ги изнесат на 4 мај годинава.