Фото: Ка.М

Вечерва и утре во Прилеп ќе се одржи традиционалната манифестација „Денови на Крали Марко“, што ја реализира општина Прилеп.

Манифестацијата започнува вечерва од 19 часот со настап на хорот св. Петка и вокалниот ансамбл „Пелагонитиса“ во црквата св. Никола во населбата Варош.
Утревечер пак од 19.30 часот во амфитеатарот кај Слонот под Марковите кули целовечерен концерт ќе одржат Драган и Ратко Даутоски.

-Денови на Крали Марко е културен настан со кој се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал и се промовира Прилеп како град каде што живеел. Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал – велат од општината.

Исто така и основните училишта во рамките на нивните историски, литературни и ликовни секции ќе одржат час и презентација на тема Крали Марко низ легендите, како и за подемот и пропаста на прилепското кралство. Сите овие дамнешни времиња денес треба да бидат инспирација за новите генерации на авантуристи, спортисти, научници итн.додаваат од општината.

Ка.М.