Фото: Пиксабеј

КЛИМАТСКА ОПСЕРВАТОРИЈА

Годинашниот август, заедно со јули 2023 година, беше најтоплиот месец откога се евидентирани мерењата, објави европската климатска опсерваторија „Коперник“.
– Просечната глобална температура на површинскиот воздух во август 2026 година беше 16,96 Целзиусови степени, што е за 0,85 степени над просекот за периодот 1991-2020 година, што го прави тој месец најтопол август на глобално ниво во збирката податоци „ЕПА5“ – се вели во соопштението.
Во споредба со проценетото прединдустриско ниво, глобалната просечна температура на површинскиот воздух била за 1,65 Целзиусов степен повисока, а во август за првпат од ноември 2025 година е надминат прагот од 1,5 Целзиусов степен. Исто така, просечната температура на површината на морето над екстраполарниот океан достигна рекордно ниво минатиот месец, додаде опсерваторијата.
Температурите на површината на морето останале екстремно високи во голем дел од тропскиот Пацифик, каде што се предвидува дека временскиот феномен Ел нињо дополнително ќе се зајакне во наредните месеци, „потенцијално прераснувајќи во еден од најсилните феномени на Ел нињо досега“. Опсерваторијата заклучи дека ова лето било најжешкото во Западна Европа и дека претходниот рекорд поставен во 2003 година е надминат.
– Во август, регионот забележа дополнителни топлотни бранови, кои ја продолжија исклучителната серија на екстремна топлина што започна во мај – нагласува „Коперник“.