Боб Дол со Мајк Пенс на Националната конвенција на Републиканците во 2016 година. Извор: Гласот на Америка

Поранешниот сенаторот и претседателски кандидат Боб Дол почина во неделата, објави неговата фондација на Твитер.

-За жал, известуваме дека утрово почина сенаторот Роберт Џозеф Дол-се вели во соопштението на Фондацијата.

Долгогодишниот републикански сенатор од Канзас беше претседателски кандидат на Републиканската партија во 1996 година, но изгуби од демократот Бил Клинтон, тој исто така беше херој од Втората светска војна и почина на 98-годишна возраст. Дол имаше прагматичен пристап американската политика и го поддржваше двопартиското законодавство во текот на 35 години минати во американскиот Конгрес.