Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа ја повика Русија да го почитува договорот за ракети од среден дострел од времето на Студената војна, наведувајќи дека руските ракети можат да носат нуклеарни боеви глави и да стигнат до европските градови.

Столтенберг во Букурешт, каде што присуствува на неформалниот состанок на министрите за одбрана на земјите од ЕУ, изјави дека Русија го крши тој договор и дека „развила и распоредила нови ракети од среден дострел“, кои „тешко се детектираат и се мобилни“.

Според договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) од 1987 година, склучен помеѓу САД и тогашниот Советскиот Сојуз, забрането е производство, тестирање и распоредување крстосувачки и балистички ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.