Новиот извештај на Обединетите нации и на Црвениот крст за климатските промени алудира на тоа дека одредени делови од светот стануваат толку жешки со децении, што набргу човекот нема да може да преживее таму. Мрачниот заеднички извештај предвидува дека екстремните топлотни бранови би можеле да станат толку жестоки што ќе ги надминат човечките физиолошки граници во делови од Латинска Америка, Централна Африка и Јужна и Југозападна Азија.
Земјите со најниски приходи во светот, оние што се најмалку одговорни за климатските промени, веќе доживуваат непропорционален пораст на екстремните горештини, како што оваа година се случи со катастрофите од топлотните бранови во Сомалија и во Пакистан.
Извештајот заклучува дека ако емисиите на стакленички гасови, кои предизвикуваат климатски промени, не се намалат агресивно, светот ќе се соочи со претходно незамисливи нивоа на екстремна топлина.
Извештајот е објавен пред самитот за климатски промени КОП27 што ќе се одржи во ноември во Египет.

Подготвил: Mарјан Велевски