Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.

Зеленски рече дека разговарал со Гутереш во Лавов за олеснување на глобалната криза со недостиг на храна и се согласил да продолжи со координацијата за украинскиот извоз на жито.

Како што рече, посебно внимание е посветено на „нуклеарната уцена што ја применува Русија во врска со електраната Запорожје“ и дека постапките на Москва во овој поглед „може да имаат катастрофални глобални последици“.

-Затоа ОН мора да ја осигураат безбедноста на овој стратешки објект, негова демилитаризација и целосно ослободување од руските трупи – напиша украинскиот претседател на Телеграм.