Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сè уште не е утврден датум за посета на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Киев, јавува Киев пост.

Тој нагласи дека е важно американските претставници да ја посетат Украина, особено по нивните повеќекратни посети на Москва.

– Мислам дека е фер да дојдат кај нас, во Киев, бидејќи многупати биле во Москва. Важно е да се испрати сигнал до нашиот народ кој ја издржува војната. Ги очекуваме – изјави Зеленски.

Во интервју за подкастот „Рест из политикс“, украинскиот претседател ја критикуваше американската преговарачка екипа, посочувајќи дека има недостиг на баланс и недоволно разбирање за целите на Кремљ.

Според него, американските пратеници поминале „премногу време“ со рускиот претседател Владимир Путин и други високи функционери.

– Минатата година имало пет посети на Москва, а ниту една на Киев – посочи Зеленски.

Аналитичарот Пол Гобл оцени дека ваквите изјави ја одразуваат фрустрацијата во Украина, каде постои перцепција дека САД се повеќе усогласени со Москва отколку со Киев во контекст на војната.