Maria Zakharova
Фото: ЕПА

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека сите обвинувања против Русија во врска со беспилотните летала во земјите од Европската Унија се неосновани, пренесе „Танјуг“.

Според неа, ниту на руската страна, ниту на граѓаните на земјите од ЕУ не им се презентирани никакви факти или материјали во врска со ова, пренесува РИА Новости.

– Сите обвинувања што ги слушаме, особено за беспилотни летала некаде во Европската Унија, се неосновани. Не е презентиран ниту еден факт, материјал или доказ – рече Захарова во коментар за РТ.

Таа нагласи дека доказите не се презентирани не само на руската страна, туку и на граѓаните на земјите од Европската Унија, кои, според мислењето на Захарова, „треба да знаат врз што нивните лидери ја темелат својата обвинителна реторика“.